ОГЛАСИ

OhridNews ги прогласи најуспешните приказни за 2014 година и промовираше годишна ревија

Вести | Охрид | 16.01.2015 00:10Посети : 7473

Хронолошки преглед на позначајните случувања и настани во Охрид во 2014 година, се дел од првата годишна ревија на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews, која беше промовирана вчеравечер на пригодна севеченост во кафе барот „Cuba Libre“.





Освен поважните дневни теми и настани, во ревијата се поместени и дел од текстовите кои биле најчитани на порталот OhridNews, како и неколку стории за успешни приказни кои ја одбележаа 2014 година.




-Желба ни е сето ова да прерасне во традиција и затоа упатуваме голема благодарност до сите што го поддржаа овој проект и што веруваат во објективноста и професионалноста на нашиот медиум, кој веќе деветта година ужива најголема доверба кај читателите. Оваа хронологија на поважните настани во 2014, која наскоро ќе добие и електронска варзија, е празничен подарок за сите нив, рече во своето обраќање пред присутните Горан Момироски, главен и одговорен уредник на OhridNews.


Во рамки на промоцијата беа прогласени најуспешните приказни за 2014 година во избор на редакцијата на OhridNews и им беа врачени пригодни признанија.




Признанието за Најуспешна бизнис приказна за 2014 година му припадна на најголемиот производител на леб и бели печива во регионот, АД „Жито Леб“, Охрид.



Оваа охридска компанија во текот на минатата година го зголеми производството, ги зголеми своите капацитети и бројот на вработени, ја прошири продажната мрежа низ Македонија и започна да го извезува најпознатиот охридски бренд, охридскиот варен ѓеврек во Србија, а наскоро ќе ги пласира своите производи и во Албанија и во другите држави од опкружувањето.


Признанието за најуспешна приказна во областа на Денталниот туризам му беше доделена на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид.



Овој центар направи успешен спој на здравјето и туризмот, а со посветеност, инвестиции и маркетинг успешно го промовираше Денталниот туризам како нов туристички производ на Охрид кој има голема перспектива.


Признанието за најуспешна приказна од областа на културата и забавата за 2014 година му припадна на Никола Тодоровски.



Овој професионален актер и стендап комичар минатата година успеа да ја насмее публиката до делириум и ја продолжи стендап револуцијата во Македонија.Тој во неколку наврати ја полнеше големата сала на Центарот за култура во Охрид со стендап шоуата „Delirium“ и „Revolution“ и имаше бројни настапи во земјата, но и во Лондон и Софија. Заедно со актерот Стрезо Стаматовски е автор на кабарето „Twо mothers brothers“ кое исто така ја освои охридската публика. Годинава Тодоровски се здоби и со националното признание „Најдобар машки стендап комичар“.


Признанието за најуспешна приказна од областа на спортот им припадна на младите спортисти Нина Балабан и Јован Јованоски од Охрид.




Овие охридски спортски надежи ги бранеа боите на Македонја на олимписките игри во Нанџинг и го достигнаа врвот во младинската кариера, бидејќи сега се натпреваруваат во сениорска конкуренција.



На промоцијата на ревијата „Охрид 2014“ присуствуваа голем број поддржувачи и бизнис партнери на OhridNews, како и бројни охридски новинари.

















Годишната ревија на настани на OhridNews, бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Цените на продуктите за велигденските празници се:

Прифатливи

Високи

Цените се реални, стандардот е низок

Гласај

Прифатливи - 0 гласови (0%)

Високи - 1 гласови (50%)

Цените се реални, стандардот е низок - 1 гласови (50%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833