ОГЛАСИ

Почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески

Спорт | Охрид | 28.02.2015 16:40Посети : 1813

Во 75-тата година од животот, денеска, почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески.

Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид, а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер - Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година.


Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач на подмладокот на охридскиот фудбалски клуб.


Посмртните останки на Војислав Спасески ќе бидат изложени утре, недела, од 12 до 13 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833