ОГЛАСИ

Ван Гал : Ди Марија ништо не одигра

Спорт | Свет | 01.03.2015 11:37Посети : 393

Рекордното засилување на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија имаше натпревар за заборав на Олд Трафорд против Сандерленд. „Ѓаволите“ благодарание на Вејн Руни победија 2-0 и ги освоија бодовите, а Аргентинецот беше заменет на полувремето.



- Јас како менаџер на Манчестер сакам да победувам. Правам анализи и во текот на мечот ги преземам потребните чекори да стигнам до тоа. Еден таков чекор беше измената на Ди Марија со Аднан Јанузај на полувремето, кој не беше на посакуваното ниво. Подоцна токму на страната од Јанузај пробивме, постигнавме два погодоци и победивме, така да измената беше оправдана и сосема точна. - рече холандскиот стручњак.

Менаџерот на „ѓаволите“ по водечкиот погодок веднаш од игра го извади и Радамел Фалкао, кој го изнуди пеналот, а Руни го погоди.

- Импресиониран сум од акцијата за пеналот, но исто така реков претходно дека сакам да победувам и внесувањето на Фелаини во игра беше тактичка измена. Моравме да ја задржиме топката во својот посед да не го загрозиме водството. - потенцираше Ван Гал.

По победата над „црните мачки“ фудбалерите на Манчестер избија на третата позиција, место кое води во Лигата на Шампиони.


Мх.П.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833