ОГЛАСИ

Охриѓани му се поклонија на големиот капитен, фудбалер и човек

Спорт | Охрид | 01.03.2015 14:31Посети : 3731

Соиграчите од легендарната охридска фудбалска генерација, најблиските роднини и спортските работници од Охрид му се поклонија на големиот капитен, фудбалер и пред се човек Војислав Спасески.



Спасески, кој остави неизбршлив белег во охридскиот фудбал почина во саботата на 75 годишна возраст.


- Сакаме да изразиме сочуство до неговата фамилија. Со него не врзуваат само убави спомени и работи. На почетокот на нашите фудбалски кариери тој ни беше соиграч и голем другар, кој секогаш ни даваше бесценети совети. После завршување на фудбалските кариери често се гледавме по охридската чаршија и поминувавме повеќе време од денот заедно. Се присеќававме на нашите успеси и ги оживувавме спомените. – коментираа неговите поранешни соиграч од Фудбалскиот клуб Охрид.



Спасески беше капитен и предводник на Ф.К.Охрид во легендарниот натпревар на „Грашница“ со Борац од Бања Лука во 1/16 финалето од Купот на Југославија одигран август 1973 година.


Фото : архива
Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833