ОГЛАСИ

Нови спортски надежи од охридските стрелачки клубови

Спорт | Охрид | 02.03.2015 11:36Посети : 624

Викендов што измина на стрелиштето во Битола се одржа првиот Куп со воздушно оружје во национална програма, на кое учество зедоа повеќе од 30-тина стрелци од државава, а на кој свој дебитантски настап имаа новите надежи од стрелачките клубови СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“.  



Во екипен пласман, првото место со резултат од 469 кругови им припадна на пионерките од СК „Охрид“ во состав: Симеона Милеска, Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска.

Второто место пак во екипен пласман им припадна на пионерките од ЖСК „Лихнидос“ во состав: Луана Попоски, Мила Василеска и Срна Аголи

Во поединечен пласман Симеона Милеска се пласира на второто место со резултат од 165 кругови, додека пак Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска се пласираа на петтата односно шестата позиција со резултати од 155 односно 149 кругови.

На овој натпревар од здравствени причини не настапија неколку стрелци од двата клуба, но се надеваме дека на вториот Куп ќе настапат сите и ќе бидат комплетирани екипите и во пионерска конкуренција.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833