ОГЛАСИ

Иднината на Пелистер во рацете на ривалите од Супер лигата

Спорт | Свет | 02.03.2015 15:24Посети : 540

Ракометниот клуб Пелистер се уште се нема трансформирано во Акционерско друштво, а го проби и последниот рок од Ракометна федерација на Македонија.



По поминување на „црвената“ линија иднината на „зелено белите“ не зависи само од нив туку и сите други клубови во Супер лигата кои треба да дадат согласност за нов рок.

- Уште пред петнаесетина дена беше испратено и последното известување до РК Пелистер околу трансформацијата во акционерско друштво, што е задолжителна за сите тимови во елитното друштво. Сите останати клубови освен Пелистер веќе го имаат финиширано овој процес, а битолчани го пробија и последниот рок што им беше даден. Сега на потег се клубовите, кои ќе треба да се изјаснат дали на Пелистер може да му биде даден нов рок, или пак веднаш да уследат санкциите кои се јасни. - рече генералниот секретар, Филип Милошески, а пренесува „Екипа.мк“.

Од клубот побараа уште малку време и информираат дека постапката за трансформација е почната.

- Целата постапка околу трансформацијата во клубот е во финален процес. Единствена објективна пречка зошто процесот се уште не е завршен е одлуката која се чека од Основниот Суд Скопје, која е поврзата со ликвидација на една од фирмите на еден од идните акционери, ГП Пелистер. Акционерскиот капитал на клубот ќе биде поделен на три акционери, ГП Пелистер, Цермат и Општина Битола. Клубот имаше три обиди да се трансформира, но секогаш се појавуваа одредени судски пречки кои го оневозможуваа непреченото трансформирање во АД. Во овој момент искрено се надеваме дека сите пречки сега се зад нас и дека клубот во наредниот период ќе ги добие своите нови сопственици. - стои во соопштениот од клубот.

Битолските ракометари се еден четирите противници на Охрид во преостаниот дел од Супер лигата.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1154 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833