ОГЛАСИ

Червар : До крајот на сезоната во Металург, потоа...

Спорт | Македонија | 03.03.2015 20:44Посети : 630

Трофејниот хрватскиот стручњак на клупата од Металург, Лино Червар во интервју за „Вечерни новости“ кажа дел од своите планови.



- До крајот на сезоната сигурно ќе останам во Металург, а потоа ќе видиме. Можеби е време да ја напуштам Македонија. Јас се уште сум гладен за врвни резултати и освојување на трофеи. Не ми е важно да бидам првак на некоја земја или да освојам европски титули, важно ми е да направам некое чудо со некој мал клуб како што беше случајот со Истратурист и сега со Металург. - рече Червар.

Тој ако замине од клубот од Автокоманда ќе премине во некој тим од Европа со сериозни планови и високи амбиции.

- Во овој момент не ме интересира преминување во катарското првенство каде што отидоа Мојсовски и Вугринец. Финансиски сум независен и не ми треба брза заработка. Сакам да работам во далеку посериозни клубови и во посериозни лиги. - потенираше тренерот на Металург.

Червар се уште контактира со играчите кои беа дел од шампионскиот мозаик на Металург.

- Се слушнав со Мојсовски и Вугринец, нека им е со среќа во Катар. Горд сум и на играчите од Металург кои заминаа во германската Бундеслига, а уште повеќе поради тоа што во своите тимови не играат споредна улога. - заклучи хрватскиот ракометен стручњак.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833