ОГЛАСИ

„Последниот Македонец-патот до истребување“ на Илија Пиперкоски премиерно на „Браќа Манаки“

Живот | Филм | 16.09.2015 17:30Посети : 1861

„Последниот Македонец-патот до истребување“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперковски е новиот македонски документарно-игран филм кој ќе биде прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Како што информираа денеска на прес-конференција од продукцијата „Тринити плус“, сценариото во филмот е на Александар Кукулев, продуцент е Снежана Лупевска Созен, кинематографер Дејан Димески, а монтажа Данчо Стевков.

Сценаристот Кукулев, информира дека во филмот се разкажува приказната за Македонија во периодот од пред Букурешкиот договор и по него.



-Во филмот се раскажува разединетоста на организацијата и она што, како  последица од тоа се случува меѓу населението, појасни Кукулев.

Според него филмот ќе предизвика  реакции  кај историчарите, но и кај сите кои што ќе го гледаат.

Режисерот Пиперковски рече дека филмот се поврзува и со денешно време  во кое, како што рече, како и пред сто години така и денеска се случуваат истите проблеми што сме ги имале како народ и нација.

Според продуцентот Снежана Лупевска Созен, во сценариото на Кукулев се дознава зошто Макодонија пред 100 години не станала држава кога сите соседи добиле незавизни држави. Во него според Лупевска се дознава што сме правеле ние, што е тоа во генот на македонскиот народ односно во нашиот код што нечини.



-За жал има разочарувачки моменти од македонската историја кои покажуваат неединство, истребување, убиства... Во едно семејство ќе најдете еден брат за Грците друг за Бугарите трет за Србите. Ќе најдете луѓе од тогашната организација кои биле разединети и политички и идеолошки, но ќе најдете и Македонец кој е навистина Македонец и последен ли е тој Македонец кој и мислел добро на Македонија, истакна Лупевска Созен.

Сто години потоа, преку филмот, рече таа, поводот е да се потсетиме да не ни се повтори историјата.

-Меѓутоа, можеби така сакала судбината, филмот да го емитуваме во време кога во Македонија навистина имаме една политичка криза и ако размислам  добро можете само да им ги смените имињата на ликовите од пред сто години со денешниве политичари и секој ќе се препознае со некој лик,  кои се луѓето во денешно време кои управуваат со оваа држава. Се надевам дека филмот ќе биде поука за политичарите, рече Лупевска Созен

Во филмот кој е поддржан со средства на Агенцијата за филм на Република Макеоднија,  играат Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковска....

Премиерата е во сабота на 19-ти септември во 16:30 во салата на Театар Битола.


OhridNews


Извор:„МИА“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1388 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833