ОГЛАСИ

Годинава 17 македонски дела ќе бидат преведени на 5 странски јазици

Живот | Книга | 17.09.2015 08:50Посети : 637

Годинава 17 дела од македонски автори ќе бидат преведени на 5 странски јазици во рамките на Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странски издавачки куќи.


Ова  го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која појасни дека од објавувањето на Конкурсот во 2014 година до денеска во Министерството за култура пристигнале 74 пријави на 38 издавачки куќи од целиот свет.



-Стручната комисија, во состав Нове Цветаноски, проф. д-р Виолета Димова и м-р Енвер Беќири, во согласност со предвидените критериуми на Конкурсот, поддржа превод на вкупно 47 дела на македонски автори, 30 во 2014 и 17 во 2015 година, кои ќе бидат преведени на 17 странски јазици: полски, српски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногорски, албански, турски, италијански, ерменски, дански, шпански и амхарски, рече Канческа-Милевска. 


Taa појасни дека од 1-ви јуни до Министерството за култура пристигнале нови седум апликации, кои се поддржани. 


Прифатено е издавачката куќа „Хохе“ од Етиопија на амхарски јазик да го објави романот на Гоце Смилевски „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Издавачката куќа „Твердинија“ на украински јазик ќе го објави романот за деца „Збркана сказна“ на писателот Киро Донев. Романот „Куќичка“ на Оливера Николова од издавачката куќа „Арка“ ќе биде објавен на српски јазик. Делата „Очи со боја на чевли“ од Петар Андоновски и „Човекот што ги сакаше калинките“ од Душко Родев ќе бидат објавени на бугарски јазик од бугарската издавачка куќа „Персеј“ од Софија, а ИК „Изида“ на бугарски јазик ќе ги објави краткиот роман „Бело и црвено“ на Михајло Свидерски и книгата на Васко Шутаров „Јавна и културна дипломатија“. 


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833