ОГЛАСИ

Акцијата „ За посреќно детство“ го наполна градскиот плоштад

Вести | Охрид | 09.10.2015 14:51Посети : 1534

По осми пат, денес, во организација на општинскиот Црвен крст се одржа хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ За посреќно детство“, на која младите охриѓани имаа можност своите спортски вештини и способности да ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини.





Манифестацијата започна со трка, а продолжи со спортски активности и забавни содржини кои се одржуваа на и околу градскиот плоштад. На манифестацијата учество зедоа младите охриѓани кои претходно купија учеснички броеви кои чинеа симболични 30 денари.


- И оваа година има голем одзив на манифестацијата, но тоа нас не не чуди затоа што секоја година имаме голема поддршка од сите. Пораката која сакаме да ја пренесеме е да влијаеме врз подигнување на јавната свест кај најмладите и тинејџерите- дека преку спортот може да се забавуваат, да се здрави и да бидат хумани, бидејќи со купување на учесничкиот број тие станале хумани, им помогнале на други деца на кои им е потребна помош, а истовремено учествуваат и во наградната игра, вели Мимоза Ставрева од општинскиот Црвен крст.



Традиционален партнер на акцијата „ За посреќно детство“ е комплексот Св.Ѓорѓија-Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.




Извлекување на наградите со учесничките броеви ќе биде на 24 октомври во 18 часот на телевизија ТВМ. Меѓу 50- те награди се и наградите- седумдневно зимување на Златибор, престој во Крагуевац, викенд во Крушево.




OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 94 гласови (18%)

Не - 421 гласови (82%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833