ОГЛАСИ

Видео: Силно невреме ноќеска го зафати Охрид

OhridNews TV | OhridNews TV | 11.10.2015 12:12Посети : 7337

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и грмежи ноќеска го зафати Охрид. Според Управата за хидрометеоролошки работи во Охрид изминатото деноноќие наврнале 90 литри на метар квадратен. Дождот предизвика поплави во повеќе населби во градот, како и во приградските села, а забележани се и одрони на патниот правец Охрид  - Св. Наум кај Пештани, како и на други места. Најмногу штета од поплавите има во Велгошти соопшти локалната самоуправа. Екипи на јавните претрпијатија се на терен и ги санираат последиците од големото невреме. 


Најголем интензитет невремето имаше околу 2 часот по полноќ. Делови од Охрид тогаш останаа и без електрична енергија, а силниот ветер и интензивните електрични празнења предизвикаа немир меѓу населението. Како последица од невремето на места во градот денеска нема интернет.



Повеќе врнежи од Охрид забележани се само во Пожаране (100л/м2) и во Крушево (99л/м2)


Според најавите денеска ќе преовладува облачно време со повремен до умерен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 17 степени Целзиусови.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1239 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833