ОГЛАСИ

Интервју со Владимир Четкар: Древните убавини на Охрид се моја неисцрпна инспирација

Интервју | Интервју | 22.11.2015 07:00Посети : 2218

Успешни и реализирани во професионалниот и приватниот живот голем број охриѓани оставаат неизбришлива трага меѓу своите сограѓани. OhridNews ви открива како тие го минуваат своето слободно време, која е нивната омилена музика со која се релаксираат, колку наоѓаат време за своите пријатели...


Владимир Четкар, исклучително талентиран музичар со светско реноме. Десетина години живее на релација САД - Македонија. Неговата музика се слуша од Њујорк до Токио, а негова најголема инспирација е Охрид. Градот покрај древното езеро најмногу го сака во есен поради волшебните пејзажи и зајдисонца. Во интервку за OhridNews Четкар открива како е да се живее во светска метропола како што е Големото јаболко, што прави во слободното време, кое е му е омилено хоби... 


OhridNews: Едно Ваше работно утро. Во колку обично започнува?


Четкар: Секогаш е различно во зависност дали вечерта пред тоа сум имал обврски до доцна. Најчесто околу 10 часот наутро го пијам првото кафе.



Владимир Четкар


OhridNews: Поради бројните обврски колку Ви преостанува слободно време и како најчесто го поминувате?


Четкар: Јас уживам во мојата работа и нема некоја јасна поделба за мене помеѓу работата и слободното време. Уживам во патување, возење велосипед, пешачење меѓутоа и кога тоа го правам јас често размислувам за некој музички аранжман, композиција и слично. Звучи малку смешно но може да се рече дека работам во слободното време а се одмарам и релаксирам на работа.



Во студио со Dimitri from Paris


OhridNews: Живеете и работите во САД, а во моментов ваш дом е Њујорк. Што е она што овој град го издвојува од останатите светски метрополи?


Четкар: Единаесет години живеев во Бостон и за тој период дипломирав на Беркли Колеџот за Музика и ги стекнав првите професионални искуства за пред 8 години да се преселам во Менхетен Њујорк каде сериозно почнав да ја градам кариерата како авторски уметник и изведувач. Њујорк е вистински мегалополис со душа и шарм и најголемиот светски предизвик за градење музичка кариера е токму таму. Огромната енергија на Њујорк која можете да ја почувствувате и со една обична прошетка по улиците е токму тоа што прави овај град да е поинаков од сите останати светски метрополи.



Њујорк


OhridNews: Колку често доаѓате во Охрид? Дали Ве фаќа носталгија за родниот град?


Четкар: Вo Охрид доаѓам многу често и тоа на подолги периоди, едно 4 месеци годишно сигурно ги поминувам тука а останатото време го поминувам во Њујорк како и на други места патувајќи.


OhridNews: Омилено место во Охрид на кое секогаш успевате да се релаксирате?


Четкар: Многу тешко можам да издвојам едно омилено место во Охрид бидејќи ги има толку многу и секое од нив ми буди убави чувства и спомени. Можам да кажам дека Охрид ми е најомилен наесен бидејќи тогаш го доживувам најинтимно. Често шетам по стариот град, Лабино, Канео, воэам велосипед околу езерото, се симнувам на дивите плажи и уживам во волшебните пејзажи и зајдисонца. Сите овие нешта ме исполнуваат со животна сила и ентузијазам а понекогаш чувствата се толку интензивни што ми се чини како самото древно езеро да комуницира со мене и да ме полни со инспирација.



Четкар на концерт во култниот клуб "Blue Note"


OhridNews: Професионално и приватно патувате често. Која дестинација може да се каже дека го „освоила Вашето срце на прв поглед“ и зошто?


Четкар: Има навистина преубави места на планетата, ако го извадиме Охрид и Балканот од оваа листа би рекол дека централна америка е вистински рај на земјата. Климата таму е совршена а во земјите како Никарагва и Панама эа кратко време можеш да ги доживееш убавините на Пацификот и Атлантикот а притоа да си сведок на драматични пејзажи во кој се наоѓаат активни вулкани, прашуми, езера и остатоци на древни мезоамерикански цивилизации.



Четкар во Никарагва


OhridNews: На која храна не можете да и одолеете? Дали се случува да подготвите некое јадење за најблиските и пријателите?


Четкар: Јас сум голем гурман и обожавам квалитетна храна која ми е битно да е здраво приготвена и состојките да се органски колку што е можно повеќе. Голема слабост ми се сарми, квлитетни овчи кашкавали, маслиново масло и маслинки, охридскиот патлиџан, квалитетно свинско и телешко месо, тавче гравче и морските плодови. Кога готвам за мене гледам да е брзо едноставно и здраво, за пријатели навстина ретко сум готвел меѓутоа во неколку такви прилики сум направил убава пица со морски плодови.


OhridNews: Што е клуч за успех?


Четкар: Претпоставивам дека сите имаат различни дефиниции за успех и посебни патишта како дошле до него. Kонкретно за мојте лични успеси клучот бил квалитетот, упорноста, искрениот пристап и љубовта кон мојата професија. 



OhridNews: Дел сте од голем број случувања на кои имате можност да сретнете познати музички имиња,но и личности од јавниот живот. Дали може да издвоите некоја личност што сте ја запознале и Ви оставила посебен впечаток?


Четкар: Многу од моите музички инспирации сум ги запознал но од нив би ги издвоил на Џорџ Бенсон, Најл Роџерс, и Димитри Фром Париз токму поради нивната едноставност, генијалност но и поради нивната великодушност при делењето на искрени совети.



Со познати имиња од светот на музиката


OhridNews: Омилен филм?


Четкар: Крадци на велосипеди на Витторио Де Сика


OhridNews: Преостанува време за некакво хоби?


Четкар: Обожавам спорт или поконкретно фитнес и велосипедизам, историја и археологија.



OhridNews: Незаборавен концерт, ама на кој сте присуствувале во публика?


Четкар: Концертот на Лени Кравиц во Бостон во 1996 година. Паметам колку бев возбуден кога за прв пат прсуствував на концертот на Лени чија музика тој период ми беше една мала опсесија. 


OhridNews: Ваш сеуште неостварен сон.....


Четкар: Имам уште многу неостварени сонови и листата секојдневно се зголемува.


Тања Кувенџиска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Интервју

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1389 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833