ОГЛАСИ

Познати полуфиналистите во Купот на Македонија

Спорт | Македонија | 02.12.2015 15:03Посети : 511

Екипите на Работнички, Шкендија, Брегалница и Хоризонт Турново обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.



Тетовските „црвено црни“ во супер дербито го елиминираа Вардар со две победи во четвртфиналните натпревари. Во реваншот тетовчани славеа со 2-1 и со вкупни 5-1 го прескокнаа лидерот на табелата во Првата лига.

Исти исход од две победи во 1/4 финалето имаше и Работнички против Силекс. Пласманот во полуфиналето „романтичарите“ го заверија во Кратово со триумф 2-1, а претходно пред своите гледачи победија со 3-0.

Со ремито 1-1 во Охрид пред една седмица, Младост и Брегалница ја одложија одлуката за вториот натпревар во кој подобар беше составот од Штип со убедливи 4-1.

Триумфот од првиот натпревар (4-2) широко им ги отвори вратите на фудбалерите од Хоризонт Турново кои претрпеа пораз 1-0 од Македонија ЃП во реванш натпреварот.

Резултати : Брегалница - Младост ЦД 4-1 (1-1), Вардар - Шкендија 1-2 (3-0), Силекс - Работнички 1-2 (0-3), Х. Турново - Македонија ЃП 0-1 (4-2).


Мх.П.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833