ОГЛАСИ

„Кралевите“ пред дисквалификација од Купот на Шпанија (видео)

Спорт | Свет | 03.12.2015 09:43Посети : 523

Реал Мадрид би можел да биде дисквалификуван од понатамошните натпревари во Купот на Шпанија, откако во клубот направиле неразбирлив пропуст. Имено на мечот со Кадиз во составот на Реал беше Денис Черишев, кој поради жолти картони, немал право на настап, пренесува „Макфакс“.



Рускиот репрезентативец, минатата сезона, како член на Виљареал, не ја одлежал суспензијата од еден натпревар, која автоматски му следува по добиени три жолти картони.


Во Реал направиле неразбирлив пропуст, тренерот Бенитез не бил известен за ова и тој во тимот кој го започна мечот во Кадиз го стави и Черишев. Рускиот репрезентативец во третата минута постигна гол, а беше заменет по само 45 секунди игра во второто полувреме.



Не е познато дали е заменет откако некој се сетил дека тој нема право на настап, но во секој случај клубот доцна реагирал.


Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, еден тим може да биде дисквалификуван доколку игра со суспендиран фудбалер, тоа и се случи на Осасуна минатата сезона.


Веројатно и на Реал ќе му се случи истото доколку Кадиз вложи жалба, а тоа треба да го стори најдоцна до четврток во 14 часот.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833