ОГЛАСИ

А селекцијата со најслаб рејтинг во историјата

Спорт | Македонија | 03.12.2015 14:24Посети : 353

Фудбалската репрезентација на Македонија, 2015 година, ќе ја заврши на 136-та позиција на ранг листата на ФИФА, што е најслаб пласман на националниот тим.



Репрезентацијата, во однос на рангирањето од минатиот месец, напредуваше за три позиции, откако во пријателски натпревари славеше над Црна Гора, а загуби од Либан, кој благодарение на оваа победа се искачи за едно место на листата и сега е 139-ти во светот.


Инаку пред Македонија на листата се Палестина, Судан, Тајланд, Танзанија, Свазиленд, Намибија, Казахстан, Мадагаскар, Белизе, Литванија, Сирија...


Поразувачки факт за македонскиот фудбал е тој што зад Македонија од европските селекции на листата се наоѓаат само шест селекции: Луксембург, Молдавија, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино и Андора.


Кога станува збор за Топ 10 на листата, годината прв пат во својата историја како број 1 на ФИФА листата ќе ја заврши репрезентацијата на Белгија, зад неа се Аргентина која напредуваше за едно место, Шпанија која ‘скокна’ за три позиции, Германија која назадуваше за две места и Чиле.


Меѓу најдобрите десет уште се наоѓаат и Бразил, Португалија која назадуваше за три позиции, Колумбија, Англија и Австрија.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833