ОГЛАСИ

Промовирани книгите „Св.Никола Чудотворец“ и „Фрески од Охрид“ од м- р Ленче Мојсоска

Живот | Книга | 04.12.2015 16:53Посети : 1859

Воочи најголемиот македонски и охридски празник, Свети Климент Охридски-Патронот на градот,во куќата на Уранија, денес, беа промовирани публикациите „Св. Никола Чудотворец“ и „Фрески од Охрид“ од авторот Ленче Мојсоска, историчар на уметност и конзерватор, вработена во НУ Завод и музеј- Охрид.



- Овие две значајни дела се плод на долгогодишните конзерваторски истражувања и активности на м- р Ленче Мојсоска, чија основна дејност е конзервација и презентација на богатото културно наследство на овој регион. Овие две дела во голема мера придонесуваат за промоција на богатото културно наследство на Охрид како и за се поголемиот развој на културниот туризам, истакна директорката на НУ Завод и музеј, Тања Паскали- Бунташеска.

Пред присутните се обрати и заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој истакна дека стручната и пошироката јавност, од денеска ќе бидат побогати со сознанија за познатата црква Св. Никола Чудотворец, свет храм кој бил обновуван и сликан со фрески во текот на повеќе векови.



- Во времето од 2000 до 2005 година, под раководство на Ленче Мојсоска, се вршеше откривање и конзервација на бројните фрагменти на фрескосликарството на црквата, кое беше оценето како значајно откритие на средновековното уметничко богатство на древниот Охрид. Промоцијата на двете публикации е во рамките на програмата за одбележување на 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид.Со овој настан, авторката Мојсоска и Заводот за заштита на спомениците и Народен музеј од Охрид, го даваат својот придонес во слава на заштитникот на градот Свети Климент Охридски, светителот и светецот кој го отвори првиот сесловенски универзитет преку кој се ширеше писменоста и културата во земјите на православието. Овие и сите други публикации кои ги расветлуваат деталите од огромното културно наследство на Охрид, кое е под заштита на УНЕСКО, се од особено значење за промоција на историските и културните вредности на овие простори во светот, рече Јанев.




Авторот на двете книги, м- р Ленче Мојсоска истакна дека се започнало сосема случајно, еден јунски ден додека одела кон своето работно место.


- Еден јунски ден од мојот дом кон работа минував покрај црквата, слушнав црковно пеење кое доаѓаше од црквата и внатре видов многу верници кои присуствуваа на утринската служба. Прашав што е денот и рекоа дека ден на црквата Свети Никола Чудотворец. Од тој момент почнав секојдневно да одам во црквата и почнаа истражувачките работи кои траеја цела година. Потоа беше изработен елаборат за конзерцвација и така започна конзервацијата на црквата со археолошки истражувања со конзервација на архитектурата и обемната конзервација на фрескоживописот, бидејќи истиот кога влегов за прв пат беше прекриен со малтер, рече Мојсоска.



Пред бројните присутни на промоцијата се обрати и м- р Елизабета Димитрова.



Т.К.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833