ОГЛАСИ

Даглас Коста го одбил Мурињо поради Гвардиола

Спорт | Свет | 04.12.2015 19:26Посети : 399

Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста во летниот преоден рок имал отворени понуди од Баерн Минхен и Челси, а тој го засили германскиот првак од Шахјтор за 30 милиони евра.



Причината за одбирањето на „баварците“ и одбивањето на „сините“ е можноста да работи со Пеп Гвардиола кој е најтрофеен стратег во последните десеттина години.

- Челси исто ме посакуваше и повеќе настојуваше да ме доведе од Баерн Минхен. Но, кога од Шахјтор ми кажаа за мојата продажба веднаш одлучив тоа да биде Баерн Минхен поради Пеп Гвардиола. Тогаш мислев дека повеќе можам да научам во Баерн Минхен отколку во Челси и се уште стојам цврсто на мојот избор. - изјави за Goal.com, Даглас Коста.

Тој во 12 мечеви за „баварците“ во Бундес лигата постигна два погодоци и седум пати успешно асистираше до своите соиграчи.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833