ОГЛАСИ

Бијонсе се спрема да го освои Холивуд

Занимливости | Свет | 13.12.2015 22:43Посети : 563

После музичките успеси, време е за освојување и на Холивуд. Иако не е прв пат славната пејачка Бијонсе да добие улога во некој филм, се зборува дека се спрема за најголемата улога досега. Имено, пејачката која веќе беше номинирана за Златен глобус, за улога во филмот "Dreamgirls", наводно веќе година дена активно зема часови по глума во Лос Анџелес и Њујорк, а според американските медиуми, станува збор за некоја „важна и драматична улога“.



 


Според пишувањата на „US Weekly“, 34-годишната пејачка наводно има голем број филмски понуди, но е многу пребирлива по тоа прашање, а најмногу сака да работи на филмови кои за тема ги имаат правата на Афроамериканците. А за сите фанови кои се плашат дека Бијонсе ќе ја стави музичката кариера во втор план, нема простор за паника. Се зборува дека и покрај сите работни и семејни обврски, славната пејачка припрема и нов албум.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833