ОГЛАСИ

Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Вести | Охрид | 23.12.2015 10:13Посети : 1094

Музика и хуманост беа двете основни бои кои ги мешаа и комбинираа уметниците Петар Маркоски, Богдан Василевски,Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиноски и The Bacdoor Band, поткрепени со новогодишните сценски креации на Impact group, квалитетниот звук на ЕЛБО, прекрасно модераторство на Ена Тунтева и отворените срца на бројната публика, на вчерашниот новогодишен хуманитарен концерт кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.





Полни два часа охридската публика уживаше, се забавуваше и ги потпевнуваше рефрените на познати македонски и светски евергрини и авторски песни, во прекрасна изведба на охридските музички уметници.





Црвен крст Охрид изразува благодарност до Центарот за култура „Григор Прличев“, до медиумите и до сите учесници на овој хуманитарен настан со чие одржување ќе се овозможи новогодишна радост да ги исполни срцата и на децата од ранливите категори од Охрид и Дебарца.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1389 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833