ОГЛАСИ

Две лица од Албанија извршиле тешки кражби во маркети во Струга

Вести | Охрид | 23.12.2015 12:21Посети : 1090

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против две лица од Либражд, Република Албанија.Пријавените, тешките кражби ги извршиле на дваесетти и дваесет и втори овој месец во маркети во Струга.



- Првата тешка кражба ја извршиле во маркет лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ околу 03 часот и 30 минути. Со камен едното лице го скршило стаклото од излогот, направило отвор по што другото лице влегло во внатрешноста, извршило пребарување и од двете каси противправно одзело  20.000,оо денари.На дваесет и втори декември околу 03 часот, двајцата пријавени со камен го скршиле стаклото во продавницата за колонијал лоцирана на улица „Маршал Тито“. Веднаш почнале со пребарување помеѓу рафтовите одземајќи десет кутии цигари „Марлборо“, а потоа противправно од двете метални каси одзеле околу 4.000 денари во разни апоени,информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Веднаш по оваа кражба,лицата се упатиле кон улицата „Партизанска“ каде на истиот начин-со кршење на излогот со бехатон плочка се обиделе да влезат во друга продавница.Во намерата да влезат, сепак не успеале,односно не го довршиле започнатото кривично дело бидејќи биле забележани од сопствениците по што веднаш избегале.      



OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1394 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833