ОГЛАСИ

Започна одбројувањето до најголемото предновогодишно шоу во Охрид

Вести | Охрид | 23.12.2015 15:00Посети : 1620

Уште само два дена остануваат до најголемата предновогодишна забава во Охрид, која не смее да се пропушти.



На 25-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи „Зимска бајка“ со најдобрите евергрин рефрени во изведба на Емилија Маринова - пијано и вокал, Јован Куциноски - вокал, Горан Папаз - саксофон, Филип Стојкоски Зизи - тапани, Јане Тодороски - бас и Јован Бочвароски - гитара. За задоволството да биде целосно ќе се погрижи стендап комичарот Никола Тодороски со препознатливиот хумор. Тој подготвува ексклузивен материјал кој премиерно ќе биде изведен на предновогодишниот хепенинг во Центарот за култура.


За забавата на годината има само уште малку влезници во претпродажба по цена од 250 денари. Нив може да ги најдете во Топ Побако на градскиот плоштад и Топ маркет кај чинарот, во трафиката „Фибос“ во чаршијата и во мјузик шоп Зи зи Топ. А на самиот ден на настанот влезниците ќе се продаваат по цена од 300 денари само на билетарата во Центарот за кулура која ќе работи од 12 часот.


OhridNews


 


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833