ОГЛАСИ

СДСМ:Состојбата во охридската болница станува се поалармантна

Вести | Охрид | 23.12.2015 16:09Посети : 1010

Ситуацијата во охридската болница,за што пред неполн месец алармираше СДСМ, станува се поалармантна,велат од општинската организација на партијата.


- Пациентите сеуште се соочуваат со крајно лоши и нехумани услови. Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското, детското одделение, како и во гинеколошкото одделение сеуште нема греење. Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој,велат од ОО на СДСМ.


Оттаму упатуваат прашање-Зошто нема греење во болницата во Охрид и ги повикуваат надлежните веднаш да им обезбедат основни услови за престој и лекување на пациентите во Општата болница.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1332 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833