ОГЛАСИ

Хидробиолошкиот завод од Охрид одбележа 80 години постоење

Вести | Охрид | 23.12.2015 17:35Посети : 1071

Со пригодна свеченост која се одржа денеска Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид го одбележа својот голем јубилеј – 80 годишнината од основањето.


Директорот на установата д-р Сузана Патчева во обраќањето пред присутните гости говореше за историјатот на институтот, формиран на иницијатива на познатиот лимнолог и технолог Синиша Станковиќ, кој и денеска важи за најдобриот познавач на Охридското Езеро.


Иницијативата за основањето на првата научна институција од тој вид на Балканскиот Полуостров не дошла случајно оттаму што првиот пишан податок за Охридското Езеро датира од средината на 19 век, а во тоа време кога се поставени темелите на науката за проучување на копнените води, биле спроведени и првите значајни откритија во езерото.



 -Основањето на нашата институција претставувало пресврт во истражувањата на уникатното Охридско Езеро и неговиот жив свет, богат со ендемични и реликтни видови, бидејќи се создадени предуслови за континуирано и систематско проучување на Охридското Езеро, и не само за него туку и за Преспанското, Дојранското Езеро и сите останати акумулации и реки во земјата, истакна Патчева.


Проф. Д-р. Трајче Талевски како експерт со 29-годишно искуство во Институтот, од своја страна истакна дека институцијата историски успеала да опстои во три држави, со долгорочна програма пред се за заштита на Охридското Езеро.


-Академик-професор Станковиќ успеал да ја сфати значајноста на Охридското Езеро како единствен еко-систем во Европа...Основните начела врз кои функционира Институтот се заштитата на Охридското и останатите езера во земјата. Сметам дека Институтот има потенцијал, научен кадар, технологија, да успее да се справи со сите притисоци, пред се антропогениот фактор, што се повеќе им се закануваат на природните езера во земјата, рече Талевски.



Хидробиолошкиот Институт е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните субјекти на лимнологијата, главно природните езера, но и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија, со особена нагласеност на Охридското Езеро - најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.


Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани. Традиционално, истражувањата на Хидробиолошкиот Институт биле фокусирани на фундаменталната хидробиологија. Ова ги вклучува некои нутриенти, температура (струења и миксија), проѕирноста на водата, примарна продукција, хлорофил, флора и фауна, ендемизам, специјација, а во последните три децении следењето на состојбата со загадувањето и еутрофикацијата на езерото е една од истражувачките активности.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833