ОГЛАСИ

Бруто заработувачката по вработен во 2014 година изнесувала околу 6.500 евра

Вести | Македонија | 24.12.2015 07:00Посети : 548

Просечната бруто заработувачка во 2014 година по вработен во земјава изнесувала oколу 6.500 евра или 397.739 денари годишно. Просечната годишна заработувачка на мажите во Македонија изнесувала 419.999 денари, додека кај жените е пониска и изнесува 369.711 денари.

Анкетата за структурата на заработувачката на Државниот завод за статистика покажува дека просечната бруто заработувачка на членовите на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори изнесувала 799.795 денари, на директорите на производствени претпријатија и институции за специјализирани услуги таа изнесува 915.637 денари, на стручњаците и научниците 545.022 денари, кај техничарите и сродни занимања 412.758 денари, на службениците 346.527 денари, работници во услужни дејности и продажба 264.295 денари, стручни работници во земјоделството, рибарството и ловот 244.967 денари, занимањата за неиндустриски начин на работа во производството 270.975 денари, ракувачи и составувачи на машини и постројки имале просечна бруто заработувачка 270.222 денари, елементарни занимања 239.745 денари, кај воените занимања просечната бруто заработувачка изнесувала 402.672 денари.

Според степенот на образование, највисока била заработувачката кај оние со високо од 573.138 денари, со више 484.968 денари, со средно 321.617, со основно 273.526 и со незавршено основно образование 255.526 денари.

Највисока била заработувачката во секторот финансиски и осигурителни дејности од 737.474 денари, потоа во сектор снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 624.274 денари, стручните,научните и техничките дејности имале во 2014 година просечна бруто заработувачка од 574.100 денари.

Просечната бруто заработувачка била најголема кај претпријатија со 250 и повеќе вработени и изнесувала 457.617 денари.

Во скопскиот регион била највисока просечната бруто заработувачка од 477.882 денари, следи југозападниот со 464.947, полошкиот со 353.090 денари, југоисточниот со 333.541 денари, источниот со 324.216 денари, вардарскиот со 312.554 денари и североисточниот регион со 264.415 денари.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833