ОГЛАСИ

Објавен конкурс за изработка на идејно решение за надградба на градското пристаниште и изградба на марина

Вести | Охрид | 24.12.2015 11:31Посети : 1795

Министерството за транспорт и врски преку електронскиот систем за јавни набавки објави јавен конкурс за изработка на идејно решение за надградба на Градското пристаниште и изградба на нова марина во Охрид.Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги.



Право на учество имаат домашни и странски правни лица.Пријавените идејни решенија ќе се оценуваат според:оригиналноста и иновативноста,изводливоста,пристапност до и во локацијата за лицата со посебни потреби,вид и квалитет на понудените материјали и нивна трајност,како и читливост на идејата на проектот.


Плановите или проектите треба да се достават најдоцна до 29.01.2016 во 11.00 часот.


Предвидени се и награди за најуспешните пријавени проекти.Прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 120.000,00 денари,втора награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 100.000,00 денари,трета награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 80.000,00 денари.Во јавниот конкурс е наведено и дека договорниот орган го задржува правото да не ги додели наградите, односно да не изврши откуп на идејните решенија.



OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833