ОГЛАСИ

Традиционални новогодишни донации на ЕВН Македонија

Вести | Македонија | 24.12.2015 17:15Посети : 917

ЕВН Македонија започна со реализација на традиционалните новогодишни донации. За социјално загрозените семејства донирани беа пакети со прехранбени производи во верските заедници.

Волонтерите во народната кујна „Св. апостоили Петар и Павле“ на Македонската Правоиславна Црква во населбата Ѓорче Петров и овие празници ќе можат да подготват празнични јадења за верниците кои ја посетуваат народната кујна. ЕВН Македонија донираше прехранбени производи за топли оброци и пакетчиња со храна кои свештениците ќе ги споделат со верниците кои се во тешка здравствена состојба или живееат во далечните рурални средини во црковните општини.



„ЕВН Македонија со празничните донации го заокружува циклусот на донирање и соработка со верските заедници во текот на целата година. Деновите кои ни престојат се денови на празнувања и токму овие денови сите зедно се збираме на празничните трпези, па овие донации се добредојдени за социјално ранливите семејства да можат барем малку да го почуствуваат духот на празниците“, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.   

Пакети со храна ЕВН донираше и за верниците на Исламската Верска Заедница. Во седиштето на ИВЗ во Скопје беа поделени дел од донациите кои за верниците се можност нивната празничната трпеза барем малку да биде збогатена во време кога се споделува љубов, добрина и разбирање. Пакети со храна ќе бидат поделени и во другите верски објекти на ИВЗ низ Македонија.



Мустафа Даути од Хуманитарната организација „Хилал“ при ИВЗ и Отец Ивица Тодоров парохиски свештеник за ЦО „Св. апостоли Петар и Павле“, изразија благодарност за соработката и донациите кои ЕВН ги реализира традиционално веќе 9 години. За верниците од социјално загрозените семејства, овие донации се добредојдени и се вистински подарок за претстојните празници.  

Новогодишните донации ќе се заокружат со донација на топла облека на деца од социајлно загрозени категории ширум Македонија. Во соработка со Црвениот крст, ЕВН Македонија ќе организира централен настан за доделување на новогодишните подароци во Скопје каде децата ќе можат да проследат 3Д анимиран филм и да се дружат со Дедо Марз.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1406 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833