ОГЛАСИ

Од февруари повисоки плати за над 500 здравствени работници

Вести | Македонија | 24.12.2015 18:40Посети : 1051

Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.


-Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски.

Министерот Тодоров рече дека изготвиле анализа на состојбите во сите јавни здравствени установи каде одреден дел од здравствените работници со средно стручно образование, во меѓувреме имаат завршено високо стручно образование (во времетраење од 3 години, односно со стекнати 180 ЕКТС кредити). Toj посочи дека согласно анализата, станува збор за над 500 здравствени работници од повеќе ЈЗУ кои ќе бидат опфатени и отсега ќе добиваат додаток на платата во износ од околу 6.000 денари вкупно, односно во три наврати зголемување на платата за околу 2.000 денари (во 2016 година, со февруарската, јунската и декемвриската плата).

Министерот објасни дека ова бил горлив проблем на оваа категорија здравствени работници, имајќи предвид дека вложиле труд, енергија, и финансиски средства за својата образовна надградба, и следствено на тоа очекуваат соодветно вреднување на вложениот труд.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833