ОГЛАСИ

Одржан традиционалниот ручек за социјално- загрозените семејства од Охрид и Дебрца

Вести | Охрид | 25.12.2015 16:17Посети : 1222

Традиционално, во организација на општинскиот Црвен крст и локалната самоуправа, денес, во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се одржа хуманитарен предновогодишен ручек за социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.Особено возбудени беа најмладите кои добија и новогодишни пакетчиња кои за оваа пригода ги обезбеди локалната самоуправа.




- Ние како локална самоуправа продолжуваме да креираме подобри услови за живот, а од вас драги деца бараме да бидете среќни и радосни, пред се упорни и посветени во училиште, да се вложите во она кое во иднина ќе го работите и никогаш да не се откажувате од поставените цели.Само така ќе го постигнете својот успех како идни градители на нашето општество,им се обрати градоначалникот Никола Бакрачески.



Во знак на благодарност најмладите рецитираа и пееја песнички,а на заедничкиот ручек со присутните градоначалникот имаше можност и да ги слушне проблемите на возрасните.



- Се надевам дека секоја наредна година ќе има се помал број на социјално загрозени семејства и луѓе на кои им е потребна помош,изјави претседателот на општинскиот Црвен крст,Сашо Точков.



Од страна на градоначалникот присутните добија ветување дека грижата на локалната самоуправа за социјално-загрозените семејства ќе продолжи и во наредниот и тоа со зголемен интензитет.




OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833