ОГЛАСИ

Кејот Македонија ќе добие нов лик

Вести | Охрид | 25.12.2015 18:10Посети : 3291

Во текот на наредната година се планира реконструкција на шеталиштето на кејот Македонија во Охрид. Ова е предвидено во рамки на Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 година која денеска ја усвои Советот на општина Охрид.


Исто така во оваа програма се предвидени и средства за реконструкција на Пешачката патека која води од мостот кај каналот Студенчишта до Билјанини Извори.



-Општина Охрид со сопствени средства во рамки на Буџетот за 2016 година предвидува постапка за изградба на модерно уреден кеј во Охрид. Проектот за реконструкција на кејот е веќе изработен и деновиве се работи на геомеханички истражувања кои треба да бидат составен дел од овој проект. По добивањето на неопходните дозволи од соодветните надлежни институции ќе се пристапи кон одобренија за градба и на постапка за тендерирање, по што би се избрал изведувач и би се пристапило кон реализација на овој инфраструктурен проект. За реконструкција на патеката кај каналот Студенчишта веќе е избрана фирмата која што работи на идејното решение, кое треба да биде финализирано деновиве, рече Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.


Тој најави дека во 2016 година со средства од Министерството за транспорт и врски се очекува да започне изградбата на пешачката патеката од Градското пристаниште до Канео и Лабино.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1388 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833