ОГЛАСИ

Бајковито музичко уживање во Охрид

Вести | Охрид | 26.12.2015 03:57Посети : 3476

Охридските љубители на добрата музика, вчеравечер имаа можност да уживаат во изведбата на безвремените евергрини во рамки на најголемата предновогодишна забава „Зимска Бајка“ која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“.








Беспрекорните изведби на Емилија Маринова и Јован Куциноски,надополнети со маестралното музицирање на Горан Папаз - саксофон, Филип Стојкоски Зизи - тапани, Јане Тодороски - бас и Јован Бочвароски – гитара, ја претворија оваа вечер во бајковито музичко уживање.


„Чест, задоволство но и голема одговорност е да се свири "дома", пред својот народ. Вчерашниот концерт беше вистинска бајка за мене. Совршен концерт од секој можен аспект. Организацијата на ниво, сценографијата, бендот, хуморот, преубавите луѓе, барањето на карта повеќе е мотив да овој настан прерасне во традиција и да се негува уште многу години понатака.“ - иазјави Горан Папаз





Со својот препознатлив хумор, предновогодишната забава ја збогати и стендап комичарот Никола Тодороски, кој премиерно изведе дел од својот нов стандап материјал.


“Долгонајавуваната предновогодишна Зимска Бајка се случи синоќа и според мене, а верувам дека и публиката го дели моето мислење, блесна во полн сјај. Мислам дека зaедно со колегите од музичкиот дел успеавме да подариме на луѓето кои присуствуваа квалитетно поминато време исполнето со многу енергија и со многу смеење. Ова за мене беше последен настап годинава и беше цреша на врвот на сладоледот. Годинава на професионален план имав доста успеси и ми е многу драго што вака квалитетно ја завршувам. Веќе со екипата, под импресии од синоќешниот настан, размислуваме за следни слични настани кои ќе се трудиме да бидат уште поубави во секоја смисла на зборот. Од моја гледна точка факт е дека смеењето е реткост но јас се трудам тоа да прерасне во навика.“ - истакна Никола Тодороски.





Целокупната атмосфера беше надополнета со прекрасната новогодишната декорација на сцената, за која се погрижи исклучително креативниот тим на „Импакт груп“. За специјалните светлосни и звучни ефекти беше задолжена екипата на „Лабино саунд“. Помагатели на настанот беа винаријата „Тиквеш“, „Горска“ и бензинска пумпа „Окта“ - Охрид,а ексклузивен покровител беше OhridNews.


OhridNews
Фото:Емилио


Охридската „Зимска Бајка“ низ фотографии

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833