ОГЛАСИ

Скопјани и холанѓани се најбројни гости на охридската ривиера

Вести | Охрид | 26.12.2015 11:00Посети : 1431

Скопјани и холанѓани се најбројни гости на охридската ривиера, покажала Анализата која ја направи Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.


-Обработените податоци укажуваат на фактот дека најголем број домашни гости доаѓаат од Скопје 40%, потоа следуваат Прилеп, Битола, Кичево и Велес. Само 4% од испитаниците доаѓаат од Штип и Струмица, додека 16% им припаѓаат на испитаниците од другите градови. Кога станува збор за странските туристи 66,7 % доаѓаат од Холандија, 13,9% од Германија, потоа следуваат Данска, Словенија, Србија,  а 2,8% им припаѓаат на гостите од Црна Гора и Албанија, пишува во објавената анализа.



Според појаснувањето од ТЛЕР оваа анализа има првенствено практична цел, односно преку сумирање на добиените податоци се очекува конкретно прилагодување на туристичката понуда во насока на современите тенденции во туризмот.


-Анализата дава прецизни информации за предностите на кои се темели туристичката традиција на Охрид како  и слабостите, растот, развојот и конкурентноста на туристичкиот производ. Специјално дизајнираниот прашалник беше составен од вкупно 13 прашања кои беа поделени во неколку групи кои ги опфаќаат старосните структури, половата определеност, образованието, потрошувачката кошница, мотивите за престој во Охрид и оценка на хотелската содржина и останатите угостителски услуги, информираат од општина Охрид.



Според претставените графикони на старосната структура, најбројна група кај домашните гости е онаа на возраст од 26 до 35 години. Потоа следуваат гостите на возраст од 16-25 години со 24 % и гостите на возраст помеѓу 36-45 години со 16%. Еднаков е и процентот на гостите со над 55 години, додека 12% се испитаници се на возраст од 46 - 55 години.


Кај странските гости пак најбројна е групата на возраст од над 55 години со 30,6%. Од останатите возрасти следуваат гостите од 46-55 години со 25 %, по што следуваат гостите на возраст од 36-45 години со 19,4% и оние на возраст од од 26 - 35 години со 16,7%.



Според анализата, 52% од домашните гости одговориле дека нивниот главен мотив за доаѓање во Охрид е „одмор“, 24% одговориле дека доаѓаат за забава, а за 12% од испитаниците мотив за доаѓање во Охрид се културните манифестации. Околу 8% од испитаниците доаѓаат заради работни обврски и 4% доаѓаат поради здравствени причини.


Мотивот за доаѓање во Охрид на странските гости, се однесува првенствено за одмор 69,4%, за 19,4% од испитаниците мотив за доаѓање им се културните манифестации во Охрид, додека 13,9% од испитаниците доаѓаат во Охрид за забава.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1239 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833