ОГЛАСИ

Голема антикорупциска акција на српската полиција, уапсени 79 лица меѓу кои и поранешни функционери

Вести | Охрид | 26.12.2015 12:45Посети : 1047

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ потврдил дека во голема антикорупциска акција во петокот вечерта биле уапсени 79 лица, меѓу кои и неколку поранешни функционери, пренесуваат српските медиуми.

На вонредна пресконференција Стефановиќ изјавил дека меѓу 79-те уапсени се и поранешниот министер Слободан Милосављевиќ и поранешната директорка на Агенцијата за борба против корупцицијата Зорана Марквиќ, како и бизнисменот Жељко Жуниќ, сопственик на „Беохемија“. Помеѓу уапсените се и двајца помошници министри, директори на јавни претпријатија, бизнисмени и поранешни и сегашни претседатели на општини. Стефановиќ најавил дека ќе има кривични пријави и за уште 39 лица.

Сите се уапсени поради сомневање дека од 2004-та извршиле повеќе кривични дела со кои ја оштетиле државата за повеќе од 100 милиони евра. Стефановиќ прецизирал дека апсењата се направени поради корупција во 20 различни случаи.

Според него, меѓу извршените кривични дела од 2004-та година се перење на пари, злоупотреба на службена позиција, примање и давање мито, злоупотреби со јавни набавки, коруптивни дела во областа на земјоделството и издавање на градежни земјишта во локалните самоуправи.

„Тоа се буквално милионски цифри во евра и тука имавме највеќе оштетени буџети. Секое од коруптивните дела е штетно, иако штетите не се еднакви во смисла на паричниот износ, но во смисла на општествената опасно еднакво се проблематични“, рекол Стефановиќ.

Српскиот министер навел дека акциите биле спроведени со цел да се спречи финансискиот криминал и корупцијата, како и злоупотребата на државните органи, и додал дека против уапсените биле поднесени и повеќе кривични пријави поради основани сомненија дека од 2004-та до денес извршиле повеќе кривични дела.


OhridNews
Извор :„Макфакс“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833