ОГЛАСИ

Видео + фото: Новогодишна атмосфера и под вода во Охрид

Вести | Охрид | 26.12.2015 15:33Посети : 1933

Традиционално по 14 пат членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, денеска во Заливот на коските кај Градиште ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.




-Желбата ни е оваа традиција да продолжи и понатаму. Се дружиме убаво, не послужи и сончевото време, а се радуваат и децата кои доаѓаат тука. - истакна претседателот на Сојузот за подводни активности на Македонија Периклие Бешка.




Покрај искусните нуркачи, во китењето на подводната елка учествуваат и млади членови на нуркачките клубови од градот. За сите нив подводниот Дедо мраз подготви пригодни подароци.



-Сакам да ги поздравам сите граѓани на Република Македонија и сите нуркачи и да им посакам многу успех, среќа и здравје во новата 2016 година.-рече Зоран Мирчески, нуркач од клубот „Амфора“, кој годинава беше во улога на Дедо мраз.



Инаку оваа убава традиција на охридските нуркачи претставува вистинска атракција, единствена од ваков вид во светот.


Г.М.
Фото Емилио 


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833