ОГЛАСИ

Бројни активности на децата правобранители,продолжуваат и наредната година

Вести | Охрид | 28.12.2015 14:41Посети : 605

Во рамки на проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, во периодот од 19.12.2015 година до 24.12.2015 година, беа реализирани повеќе промотивни активности на децата правобранители.Дел од децата правобранители, заедно со локалниот координатор учествуваа на обуката за говор на омраза реализирана од страна на Центарот за Интеркултурен Дијалог од Куманово и Младински Совет Охрид. По завршувањето на обуката, тие одржаа три презентации против говор на омраза, со кои беа опфатени 76 ученици од О.У "Братство Единство", С.О.У "Свети Климент Охридски" и С.С.О.У "Свети Кирил и Методиј", како пилот училишта во кои се спроведува овој проект.



Детето правобранител од паралелките на македонски јазик во О.У "Братство Единство", Елена Велјановска и заменикот дете правобранител од С.С.О.У "Свети Кирил и Методиј", Ристе Костовски, остварија средба со претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, на која таа беше детално запознаена со целите, идеите и со постулатите на кои почива самиот проект, како и за идните насоки на имплементација. Коњаноска ги изрази заложбите на Локалната Самоуправа за поактивно вклучување во самиот процес на имплементација на проектот, по пат на активно вклучување во сите наредни активности.Истиот ден, дел од децата правобранители присуствуваа и на седницата на Советот на Општина Охрид, на која имаа можност одблизу да се запознаат со процесот на донесување одлуки од важност за развојот на општината.



Исто така, во текот на минатата недела во училиштата во кои се реализираат проектните активности, беа поделени и флаери со информативна содржина за задачите на децата правобранители, кои се содржат од застапување и борба за правата на учениците од образовните центри од каде што доаѓаат.


Проектот веќе шест години по ред го спроведуваат Коалицијата на невладини младински организации "СЕГА" и Младински Совет од Охрид како партнерска организација, под покровителство на Швајцарската фондација "Песталоци". Активностите за негова понатамошно спроведување, ќе продолжат со зголемен интензитет и во наредната 2016 година.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1332 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833