ОГЛАСИ

Видео: Електричен столб и друга инфраструктура под закана од реката Далјан

OhridNews TV | OhridNews TV | 15.02.2016 07:00Посети : 2999

Реката Далјан го поткопа асфалтираниот пат кој води до хотелот Далјан и Извидничкиот центар во Охрид. Поради ерозијата постои опасност реката да оштети електричен столб во Извидничкиот центар, каде се загрозени и објекти кои се во непосредна близина на нестабилното корито. Состојбата е ваква подолг период, а оштетувањата се зголемиле изминатиот месец. Според вработените се започнало по чистењето на речното корито со механизација.



За проблемот хотелот Далјан и Извидничкиот центар веднаш ги известиле надлежните институции. Иако постојано продолжиле да ги алармираат се уште не е започната неопходната санација на оштетувањата. Во моментов во двата објекти нема гости, но во месец март е најавено доаѓање на првата група на лица со хендикеп кои традиционално одмараат во овие објекти.


Од општинскиот совет за безбедност сметаат дека е потребна итна интервенција и координација на сите надлежни институции за да се спречат понатамошните оштетувања на инфраструктурата по должина на реката Далјан. Оттаму оценуваат дека тлото пред сместувачките објекти е нестабилно, но и покрај тоа таму нема никакво предупредување за граѓаните. Неодамна била поставена таква табла, но истата по извесен период ја снемало. 


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833