ОГЛАСИ

Моторџиите од регионот на собир во Охрид: Во Македонија нема криминални банди на две тркала

OhridNews TV | OhridNews TV | 28.02.2016 18:00Посети : 7306

Над двесте моторџии од земјава, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и од Република Српска, зедоа учество на Балканското собрание на националните одделенија од познатото мото здружение „Ноќни волци“, што се одржува викендов во Охрид.





Домаќини се „Ноќните волци“ од Македонија, а се разговара за прашања и теми поврзани со клубот, кодексот на однесување, едукацијата и безбедноста, како и за соработка и солидарност, што е едно од главните мота што ги поврзува членовите на ова здружение од балканските земји, изјави Ленин Јовановски - претседател на „Ноќни волци“ Македонија и на одделот на здруженито на Балканот.



Ленин Јовановски, вели дека една од целите на „Ноќни волци“ е да ги разбие стереотипите дека моторџиите се лоши момци, насилници и криминалци, посочувајќи дека Македонија нема банди на две тркала. Посочува дека членовите на „Ноќни волци“ се реализирани луѓе, успешни во дејностите во кои работат и делуват.



Претсесателот на „Ноќни волци“ - Србија Саша Савиќ истакна дека членовите на ова здружение се вљубеници во мотори, чесни луѓе кои се искрени и кои ги вреднуваат своите, а ги почитуваат туѓите традиции и вера.



Бојчо Лештански, претседател на „Ноќни волци“ Бугарија, истакна дека со другите оддели на здружението на Балканот соработуваат на братска основа и дека секаде каде што одат кај нивните колеги се чувствуваат како дома.




Убавото време „Ноќните волци“ од регионот денеска го искористија да го разгледаат градот и уживаа со кафе и пијалок на терасата „Аквариус“. 


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833