ОГЛАСИ

„Виа Фарм“ и „Д-р Баткоски“ ги следат современите текови: „Наше здравје“ - нов магазин за здравје и современ живот

Вести | Охрид | 31.03.2016 15:06Посети : 3604

Актуелни теми, корисни препораки и стручни совети од областа на фармацијата, стоматологијата, здравиот живот, убавината и исхраната, ќе понуди новиот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ чиј прв број излезе од печат денеска.


Основна цел на ова исклучително квалитетно едукативно списание, ќе биде преку професионален и одговорен пристап, на читателите да им понуди популарно четиво кое ќе придонесе за подобро здравје и надоградување на знаењата од медицината, но и од сето она што значи современо живеење.



Издавач на магазинот „Наше здравје“ е „Виа Фарм“ аптеки и истиот ќе излегува квартално, односно четири пати годишно (во пролет, лето, есен и зима).


- Сакаме да едуцираме, советуваме и поттикнуваме на взаемна соработка, со цел обезбедување подобро здравје за сите. Влегуваме во вашите домови, затоа што сакаме да ве посоветуваме. Стоиме на рафтовите во болниците, ординациите или аптеките затоа што исклучително се грижиме за вас. Едноставно имаме иста цел. Ќе информираме и истражуваме, ќе разговараме со професионалци од бројните специјалности и области. Ќе бидеме најмногу од се ваши искрени пријатели и чувари на вашето здравје, вели Главниот и одговорен уредник на магазинот Марица Угриновска Баткоска-магистер по фармација.



 Таа објаснува дека со посветено и со крајно внимание ќе се потрудат да ги полнат страниците на магазинот со проверени и квалитетни прилози.


- Благодарни сме им на сите наши пријатели, признати стручњаци кои ја препознаа важноста на нашиот магазин и прифатија соработка. Веруваме дека нивните совети за темите кои внимателно ги одбравме ќе го привлечат и збогатат впечатокот за нашиот магазин. Истовремено, ја споделуваме радоста, што и еминентни компании од областа на здравството станаа дел од овој наш значаен проект и искрено ја поддржаа нашата идеја да се помага и да се соработува. Веруваме дека овој прв број е само почеток на едно долго заедничко патување, што ќе трае, истакна м-р фарм. Угриновска-Баткоска.



Во првиот пролетен број на „Наше здравје“ читателите ќе може да прочитаат теми за стресот како најголем непријател на човекот, за анемијата и како истата да се препознае и лекува и за тоа како неправилната исхрана може да доведе до опстипација. Исто така, списанието содржи и тема за ризик факторите и заштита од кардиоваскуларни заболувања, како и совети за превенцијата на уринарни инфекции и предупредувања за тоа како лековите може да предизвикаат алергиски реакции. Во рамки на првиот број се објавени и теми поврзани со оралното здравје кај децата, а објавен е и стручен текст за 3Д стоматологијата. Во рамки на богатата содржина се објавени и прилози поврзани со убавината, исхраната и спортот.



Тимот на „Наше Здравје“


Извршен уредник на магазинот е Горан Момироски, за графичкиот дизајн се погрижи Антонио Стаматоски, а техничка поддршка пружија „www.ohridnews.com“, „Мега продукција“ и стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Во подготовка на првото издание на „Наше здравје“ како соработници беа вклучени д-р Катерина Верушеска, д-р Емилија Стојаноска, д-р Кирил Мандулоски, д-р Небојша Баткоски, м-р фарм. Фросина Мукоска Костојчиноска, м-р фарм. Вера Даскалоска, дипл. фармацевт Мушереф Зиба, дипл. фармацевт Робертина Томевска, д-р Кристина Митреска, д-р Едип Бекироски и д-р Лилјана Лазаревска. Стручен консултант е Мишо Китаноски, а лектор Верица Тоциновска. 



Списанието „Наше здравје“ ќе биде бесплатно и истото ќе може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, како и во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во сите јавни здравствени установи и болници во градот и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот од Супер лигата?

1

2

3

Од 4 до 6 место

Гласај

1 - 226 гласови (29%)

2 - 98 гласови (13%)

3 - 132 гласови (17%)

Од 4 до 6 место - 324 гласови (42%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833