ОГЛАСИ

Еве зошто треба доволно да спиете

Живот | Здравје | 03.05.2016 09:30Посети : 607

Недостатокот од сон го зголемува ризикот за развој на кардиоваскуларни болести, а нова студија можеби објаснува и зошто, научниците откриле дека недостатокот на сон има лошо влијание врз нивото на “добриот“ холестерол во крвта.

Холестеролот  е еден од оние “тивки убијци“ на кои не обрнуваме доволно внимание, токму како и на стресот.Но, ако мислите дека единствениот проблем е масната храна, грешите, бидејќи нивото на добриот холестерол се намалува и со недостаток на сон.



Стручно кажано липопротеините со висока густина (HDL) познати и како добар холестерол се одговорни за отстранување на липопротеините со ниска густина (LDL), односно лошиот холестерол од артериите.

LDL холестеролот придонесува за артеросклероза, создавање на наслаги на артериите кои го зголемуваат ризикот за срцев и мозочен удар, па HDL холестеролот е важен за заштитата на срцето.
Фински научници тврдат дека наодите од двете студии сугерираат дека и краток период со недоволно сон може да има лошо влијание врз здравјето и дека со нив можеби се објаснува зошто недостатокот на сон може да предизвика кардиоваскуларни проблеми.

“Експерименталната студија потврди дека само една недела со недостаток на сон е доволна да започне да се менува телесниот метаболизам и имунолошкиот одговор“, изјавила научничка од Финска, додавајќи дека нејзиниот тим со дополнителни студии подетално ќе ја истражува таа врска.

извор:metro-portal.rtl.hr

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1240 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833