ОГЛАСИ

Наше здравје: Неправилната исхрана може да доведе до појава на опстипација (запек)

Живот | Здравје | 09.05.2016 07:00Посети : 1226

Опстипација ( затвор, запек ) е едно од најчестите цревни заболувања во денешно време. Опстипација или запек е изостанување на спонтаното празнење на цревата три дена кај возрасни или четири дена кај деца. Пациентите со запек се жалат на тврда столица, нередовно, отежнето и нецелосно празнење на цревата, појава на стомачни болки и чувство на подуеност во стомакот.



Во зависност од исхраната и дневните активности редовното празнење на цревата може да се движи од три празнења на ден до едно на три дена.


Колку што подолго изметот се заржува во дебелото црево, толку станува се потврд и потешко се празнат цревата.


Причините за појава на запек кај здравите луѓе се неправилната исхрана (недоволен внес на растителни влакна), недоволен внес на течности, недоволна физичка активност и одложување на потребата за празнење на цревата.


Некогаш причината за опстипација е примената за лекови кои се употребуваат во терапија на алергии, висок крвен притисок, диуретици, депресиви, антациди, препарати кои содржат железо и калциум. Хроничната оптстипација може да укажува на сериозни нарушувања, синдром на надразнето црево, рак на дебело црево, дијабетес, паркинсонова болест и депресија.


За решавање на проблемот со опстипација прв чекор е воведување соодветен начин на исхрана, да се зголеми внесот на храна богата со растителни влакна (свеж зеленчук особено грав, грашок, брокула, житарици, леб од интегрално зрно пченица, сушено овошје како грозје, смокви и сливи), внесување на повеќе течности од шест до осум чаши вода на ден, да се зголеми физичката активност и да не се одложува потребата за празнење на цревата.


Пациентите се почесто посегнуваат по лаксативи, тоа се ефикасни препарати но за краткотрајна употреба, доколку подолго се употребуваат пациентите си прават лоша услуга затоа што по прекинот на терапијата проблемот се враќа назад, може да доведат и до појава на „мрзливи црева“. Ако е неопходно да се употребуваат лаксативите најдобри се оние на база на растителни влакна, можеби треба подолго време да почнат да делуваат од другите но не му штетат на дигестивниот систем. Правилниот пристап кон опстипацијата и придржување на советите дадени од страна на лекарот или фармацевтот можат трајно да го решат вашиот проблем.


OhridNews


Темата е дел од првото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“ и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Со цел да ги приближи темите поблиску до поширок круг на читатели, тимот на магазинот „Наше здравје“ одлучи неделно да објавува по една актуелна тема во рубриката „Здравје“ на OhridNews.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833