ОГЛАСИ

Видео+фото: По десетти пат протести на „Протестирам“ и концерт на „Белизе бенд“ во Охрид

OhridNews TV | OhridNews TV | 31.05.2016 20:20Посети : 7012

Во организација на Граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид по десетти пат се одржа мирен протест, на кој граѓаните го изразија своето незадоволство од одлуката за аболиција на претседателот Иванов, побараа истата да биде повлечена, а тој да си поднесе оставка.


 



Протестот започна на плоштадот кај „Чинарот“, по што преку чаршијата насобраните граѓани се упатија пред зградата на Основниот суд каде со пароли, скандирање и свирежи упатуваа повици за правда. Од спротивната страна на судот беше поставена бина на која настапи „Белизе бенд“ овој пат во охридско - струшки состав со актерката Ирена Ристиќ (Охрид) и Тоше Танески (Струга), кои изведоа неколку преработки на популарни песни со политичка конотација.





На присутните им се обрати Роберт Алаѓозоски од комисијата за култура при СДСМ кој порача дека отпорот нема да престане се додека актуелната владејачка гарнитура не си замине. Тој и порача на власта да не помислува на никакви сценарија оти народот е одлучен и овој пат ќе истрае до крај.


-Протестираме против оваа власт и сите нејзини недела како што се оние грдосии на Плаошник и спомениците од Скопје 2014 кои ги бојадисуваме со боја затоа што тоа не се споменици на македонскиот народ туку параван за правење пари на власта. - рече Алаѓозоски.






Освен во Охрид, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести и во повеќе други градови во земјата.



По десетти пат протести на „Протестирам“ и концерт на „Белизе бенд“ во Охрид


 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833