ОГЛАСИ

Совети за побрз раст на косата

Живот | Убавина | 16.06.2016 07:30Посети : 913

Не постои волшебна формула со која вашата коса ќе стане прекрасна, но здравата кожа на главата може максимално да го поттикне растот на косата. Ако комбинирате разновидна исхрана со стимулативна нега и ако пиете витамински суплементи, косата во просек ќе ви расте сантиметар месечно.


Освен тоа, ќе се чувствувате здраво и нема да се оптоварувате со изгледот на својата фризура. Потрудете се да ги примените следните совети:


Јадете протеини за појадок и за ручек

Пожелно е да внесете 100-150 грама месо, половина шолја белки или еден јогурт. Кога ќе го придвижите метаболизмот наутро и кога ќе јадете почесто, а помалку, ќе имате доволно хранливи материи за регенерација на ткивата во текот на денот.

Редовно мијте ја косата

Натрупувањето на нечистотиите во коренот на влакното го спречува неговиот раст. Колку е почиста кожата на главата, толку ќе ви биде поздрава косата. Ако е потребно, мијте ја секој втор ден, но не почесто.

Масирајте го темето

Стимулацијата ја поттикнува циркулацијата во коренот на влакното со што се подобрува текстурата на влакната. Додека се туширате, масирајте го коренот на косата со мали кружни движења. Потоа ставете хранлива маска на краевите или во коренот на косата.


OhridNews
Извор:Убавина&Здравје

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 293 гласови (19%)

Не - 1217 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833