ОГЛАСИ

Ефективни масла кои ќе ви овозможат бронзен тен

Живот | Убавина | 18.06.2016 12:00Посети : 866

Еден од најдобрите начини да добиете убав бронзен тен е постепено да излегувате на сонце и да уживате во впивањето на витамин Д. Некои природни масла може да ви помогнат побрзо да ја добиете бојата ова лето, а ако ги користете ќе ви се хидратизира кожата.


Сончањето со природни масла е најздравата опција, но внимавајте на основните правила како што е избегнување на сонцето од 11-16 часот, нанесување на заштитен крем, освежување, хидратација. За вашата кожа полесно и подобро да добие темна нијанса, важно е добро да се подготвите. Пилинзите се клучни. Пред да нанесете некое од овие масла, кожата треба да ви биде потполно чиста, а се препорачува само по 10-15 минути сончање на секоја страна на телото. Почнете постепено, а особено бидете внимателни ако имате светол тен. Почекајте да фатите малку боја, а потоа почнете со маслата.



Едно од најдобрите масла за брзо потемнување е маслото од лешник. Содржи витамин Е и кожата побрзо го впива, отколку другите масла.

Кокосовото масло се препорачува за оние со поосетлива кожа.

Маслиновото масло добро делува кога се работи за брзо потемнување. Новиот трик е да го измешате со малку чист сок од моркови и тинктура од јод, за да ги спречите изгорениците.

Маслото од авокадо се препорачува за оние со сува кожа, додека маслото од пченични никулци може да ги ублажи последиците од сончањето како што се брчките или проблемите со пигментацијата.

Екстрактот од зелен чај најдобро ги спречува изгорениците од сонце. Ја омекнува кожата и ве штити од УВ зраци. Најдобро е да го измешате со некое од горенаведените масла.


OhridNews
Извор:„Идивиди“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребна измена на начинот на регулирање на водостојот на Охридското Езеро?

Да

Не

Гласај

Да - 550 гласови (87%)

Не - 83 гласови (13%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833