ОГЛАСИ

Како да ја победите алергијата од сонце?

Живот | Здравје | 01.07.2016 08:45Посети : 1000

Оние кои се алергични на сонце не е лесно да го преживеат летото, бидејќи алергиските реакции неретко се појавуваат со самото сончање.

-Алергијата на сонце се манифестира со различни видови на осип на кожата од ситни мозолчиња, преку дамки па сè до меурчиња. Промените обично се појавуваат на деловите на телото кои обично се покриени со облека, додека на лицето најчесто нема осип. Алергијата на сонце се предизвикува од УВА зраците од сончевиот спектар, кои продираат во кожата подлабоко од УВБ зраците. Треба да знаете дека УВА зраците продираат и низ стакло, така да до создавањето на алергиски реакции може да дојде и за време на патување со автомобил, предупредува д-р Лилјана Шкрињар, специјалист по дерматологија во Загреб.



Таа предупредува дека треба да додадете антиоксиданси во исхраната. Луѓето обично не чувствуваат проблеми при првите денови на море, но подоцна, отприлика третиот или четвртиот ден се појавува осип. Со првото излегување на сонце во пролет, кај пречувствителните личности може да се предизвика алергија на деловите кои не се покриени со облека.

За спречување на овие непријатни алергиски реакции на сонцето, се препорачува превентивно да се консумираат антиоксиданси како што е ликопен и бета-каротен.

Многу е важно и кожата да ја заштитувате со висок фактор, односно со 50+ фактор. Треба да внимавате кремот да не содржи мириси, бидејќи и тие може да бидат причина за осип. Ако ви се појави алергијата, треба да ја лекувате со гелови на база на калмин и калциум-глуконат, а кај потешките облици, кортикостероидна крема. Потрудете се да излегувате на сонце во раните утрински и доцните попладневни часови, односно да не излегувате на сонце од 11 до 18 часот.


OhridNews
Извор:„Идивиди“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833