ОГЛАСИ

ЕП: Капитенот, капитенски на полувремето од финалето

Спорт | ЕП 2016 | 12.07.2016 09:02Посети : 688

Играчките квалитети се неспорни на Кристијано Роналдо, а во финалето од Европското првенство против Франција покажа зошто ја носи капитенската трака и колкава е нејзината тежина.



Роналдо, предвреме во 22-та минута го заврши својот настап во финалето откако излезе поради повредата на левото колено. Но, тоа не ги поколеба неговите соиграчи кои одиграа маестрално по нотите од својот соиграч кој како селектор делуваше од клупата.

- Голем шок за нас беше неговата повреда и знам дека така изгледавме на теренот кога тој ја напушташе играта. Меѓутоа, Роналдо на полувремето одржа фантастичен мотивирачки говор кој нас ни влеа голема самодоверба. Тој ни рече дека верува во нас и оти не гледа на тронот од стадионот „Стед де Франс“. - рече Цедрик Соареш.

И стрелецот на победничкиот погодок Едер откри дека при влегувањето во игра Роналдо му дошепнал дека ќе го реши финалето. Тоа и се случи, Едер во 109-та минута ја погоди мрежата на Уго Љорис и ја донесе првата радост за Португалија на Европските првенства.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 511 гласови (4%)

Не - 12404 гласови (96%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833