ОГЛАСИ

Германски мајстор за тетоважи од Охрид си замина со златна насмевка

Вести | Охрид | 29.07.2016 07:00Посети : 10423

Дејв Падберг, сопственик на студиото за тетовирање „Дејв“ во Германија, својата голема желба да има златна насмевка ја исполни во Охрид. За тоа се погрижи Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, каде на Дејв му беа вградени златни заби на горната вилица. 



Овој исклучително деликатен стоматолошко-естетски зафат, воопшто се изведува мошне ретко, што е потврда на квалитетот и знаењето на нашите стоматолози и доказ дека тие можат да се носат рамо до рамо со колегите од Европа, а воедно да одговорат и на најспецифични барања на пациентите. Истовремено овој пример е потврда за големиот потенцијал на Охрид за развој на денталниот туризам, на што токму Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ работи интензивно во последните неколку години.


-Пред неколку години сосема спонтано се роди идејата за афирмација на Охрид како важна дентално - туристичка дестинација. Знам дека имаме врвна стоматолошка и туристичка понуда во која лежи огромен потенцијал. Изминатиот период се вложивме во поставување на основите на овој проект, а сега веќе сме длабоко навлезени во неговата реализација. Оттука го истакнувам моето задоволство што секоја година сé повеќе странци доаѓаат тука за да одмораат, но, особено да добијат врвна, европска стоматолошка нега во Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ во Охрид. Верувам дека со ваква динамика, во најскора иднина овој стоматолошки центар ќе биде една од клучните точки на Балканот каде што силно ќе пулсира духот на стоматолошкиот туризам. - вели Д-р Небојша Баткоски во разговор за летното издание на специлализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“, кој од печат излезе неодамна.


Од почетокот на реализацијата на идејата за дентален туризам, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ изработи концепт на работа, беа изготвени рекламни материјали и наменска веб страна за дентален туризам, со специјални пакет понуди и упатства како чекор по чекор пациентите да го организираат своето патување од авионски летови, до сместување и превоз до и од нашата ординација, појаснува Д-р Баткоски.


-Имаме убава комуникација и успешни мисии, за што најдобро говорат импресиите и коментарите од задоволните пациенти. Во тоа, особено ни помогна интернет комуникацијата, односно нашата веб-страна, која е добро посетена, а тоа ќе рече „светот е мал“ кога се работи за здравјето на човекот. Искрено, ние сме горди на тоа, зошто постигнавме многу значајни стоматолошки успеси во работата, а тоа нашите пациенти знаат исклучително да го ценат. - вели Д-р Баткоски.


Тој посочува дека очекувањата и барањата на пациентите од странство не се разликуваат од тие на домашните пациенти. За секој од нив важен е квалитетот на услугите и материјалите кои се употребуваат. Од досегашните искуства сметам дека ги надминуваме нивните очекувања особено од аспект на техничка опременост и професионалност, и задоволство е што во своите јавувања особено го ценат квалитетот на нашите услуги, и при тоа го поистоветувват со услугите кои ги добиваат во поразвиените држави. Дополнително бројни пациенти кои го завршиле своето лекување кај нас се враќаат со други членови од својата фамилија или пријатели. Тоа за нас е потврда и легитимација дека сме на вистинскиот пат, додава Д-р Небојша Баткоски од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, од каде деновиве зо златна насмевка за Германија си замина мајсторот за тетоважи Дејв Падберг.


Г.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 511 гласови (4%)

Не - 12404 гласови (96%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833