ОГЛАСИ

Почнува 55-то издание на Струшки вечери на поезијата

Култура | Македонија | 24.08.2016 07:00Посети : 457

На прес-конференција што ќе се одржи денеска во хотелот „Дрим“, ќе биде претставен годинешниот добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка и есеистка Маргарет Етвуд. Официјално манифестацијата ќе биде отворена вечерва (20.30 часот) со свеченост што ќе се одржи на платото пред Домот на поезијата.



На 55-то издание на Струшките вечери на поезијата учество ќе земат триесет и двајца поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија. На манифестацијата што ќе трае до 28-ми август покрај во Струга, поетски читања ќе има и во Битола, Ресен, Охрид. Фестивалската програма завршува на 29 август со поетско Матине на Матка и Меѓународен поетски митинг на Камениот мост во Скопје. 


Педесет и петтото фестивалско издание донесува радикални програмски измени, кои ќе овозможат посеопфатна презентација на поетското творештво. Секое попладне ќе се пие „Поетско кафе“ во книжевни разговори, дебати и поетско читање.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 306 гласови (19%)

Не - 1285 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833