ОГЛАСИ

СВП и Тиквеш заеднички ќе ја раскажуваат винската приказна за Македонија

Култура | Македонија | 28.08.2016 11:58Посети : 683

Учесниците на 55. јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата денеска (28 август) ќе имаат несекеојдневна можност да творат со вината на Тиквеш. Имено винарската визба Тиквеш обезбеди вино со празни етикети од едицијата „спешл селекшн“ на кои поетите ќе творат и ќе остават траен белег на вината на Тиквеш со стихови од светската поезија.


СВП и винаријата Тиквеш заеднички ќе ја раскажуваат винската приказна за нашата земја што гостите ќе ја добијат од посетата на Македонија.



Приказната за поезијата и виното во еден простор кој уште од антиката бил средиште на духовни и културни настани, чии траги и ден денес предизвикуваат восхит. Добрата песна многу често извирала од добро вино, самото тоа често било инспирација за песна. Умешноста и уметноста во поетска креација и креацијата на виното е творечки чин на кој отсекогаш се воодушевувало човештвото. Оттаму ваквото проникнување е еден суштински, длабоко симболички и несомнено природно е да биде раскажано токму во Винарската визба „Тиквеш“. И тоа токму заради тежнението да понуди врвен светски квалитет на своите вина, со особени карактеристики и вредности, какви што само со беспоштедна посветеност, љубов и знаење можат да бидат создадени.


Уникатните шишиња со стихови на сите светски јазици ќе останат во колецијата на Винарската визба Тиквеш и Струшките вечери на поезијата. Можноста за творење на овој специфичен и несекојдневен начин ќе ја имаат на традиционалниот излет со брод во Свети Наум, а на крај ќе биде прогласена и најдобрата песна „In vino veritas“. Поетите ќе имаат задача и да креираат ново име за вино кое ќе се произведува ви Тиквеш.


Моменти за уживање со вината на Тиквеш учесниците на 55. Струшки вечери имаа и синоќа по портретот на добитничката на „Златниот венец“ Маргарет Атвуд


Во рамки на возобновената соработка на СВП и Тиквеш за идниот период предвидени се нови проекти во кои ќе се проникнуваат поезијата и виното, а ќе бидат промовирани на нови креативни начини.


Винарската визба „Тиквеш“ и Струшките вечери на поезијата имаат богата заедничка историја. Во 1973 година создадено е виното „Т’га за југ“ во чест на манифестација „Струшки вечери на поезијата“. При една од посетите на група поети учесници на СВП на винарницата, истите предложиле новото вино направено во нивна чест да се вика токму „Т’га за југ“, според истоимената поема на познатиот македонски поет Константин Миладинов.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот од Супер лигата?

1

2

3

Од 4 до 6 место

Гласај

1 - 183 гласови (30%)

2 - 81 гласови (13%)

3 - 105 гласови (17%)

Од 4 до 6 место - 249 гласови (40%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833