Деновиве во Босна и Херцеговина се одбележаа 75 години од Игманскиот марш во Втората Светска војна. На настанот учествуваа околу 20.000 антифашисти од сите краеви на некогашна Југославија, меѓу кои и членови на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.
Антифашистите го изодеа истиот пат кој пред седум и пол децении го поминале партизаните од Првата пролетерска бригада во екстремни зимски услови на температура од -32 степени Целзиусови, при што голем број од нив го загубија животот или останаа инвалиди.
-Маршот беше да им се оддаде почит на тие херои, но и да се искаже револт кон сегашниве власти во бившите Ју републики коишто ги водат недокажани и квази политичари, националисти, тајкуни и криминалци. – изјави Зоран Стевоски од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.
Зоран Стевоски
На одбележувањето на 75-годишнината од Игманскиот марш присуствувале делегации од Русија, Австрија и антифашистички здруженија од Италија. Учесниците го посетиле и забранетиот град, односно титовиот бункер во Коњиц, кој денеска е туристичка атракција.
Од акцијалшкиот клуб „Брег на младоста“ велат дека и во иднина ќе ги поддржуваат ваквите манифестации.
Клубот во моментов е насочен кон афирмација на акцијаштвото помеѓу младите, истакна Стевоски. Во моментов во него членуваат 200 волонтери. Приоритетен проект за 2017 година е чистење и регулација на реките во сливот на Охридското Езеро со цел спречување поплави.
OhridNews.