Познатиот охридски естраден уметник Петар Нечовски својата три децениска кариера ја заокружува со издавање на ЦД, современо дизајнирано на кое се наоѓаат голем број негови испеани хит рефрени.

ЦД-то кое е издадено со поддршка на министерството за култура, е пријатно изненадување за сите љубители на народната музика и обожаватели на Нечовски. Содржи 18 познати фестивалски фолк рефрени испеани со придружба на големите оркестри, како и уште 17 песни од последните неколку години меѓу кои се и омилените на Нечовски.

– Интересно и возбудливо минаа трите децении, испеав многу песни со оркестри, со голем број професионалци. За жал сега младите немаат често можност да настапат со ревиски оркестри како што ние порано тоа го правевме, а тие настапи ми се особено драги, вели Нечовски.

Наскоро се очекува официјална промоција на ЦД-то, а до крајот на годината или на почетокот од идната овој познат пеач планира да организира и голем концерт со кој ќе го одбележи својот јубилеј-30 години со песната.

OhridNews