При тоа советникот Јоне Станковски истакна дека охриѓани не добиваат адекватна здравствена заштита.
– Поради реконструкцијата на дел од Општата болница, пред се трпат охриѓани, чии трошоци за добивање на здравствена услуга се зголемени затоа што тие се принудени да патуваат до болниците во останатите градови, но и да посетуваат приватни клиники. Критиките се успатени до министерството за здравство кое треба да одговори- кога реконструкцијата на охридската болница ќе биде завршена и како ќе се решаваат актуелните проблеми, рече Станковски.
Според советничката од СДСМ, Виолета Мицкоска, Охрид се соочува со голем проблем во секундарното здравство.
– Најголемите проблеми се во виталните гранки, каде треба да се интервенира брзо за да се зачува здравјето на пациентите. Охрид во моментов нема на располагање анестезиолог во болницата. Ако за некоја итна интервенција има потреба од анестезиолог, мора да се бара дежурниот на повик, додека другите се во болницата во Струга. И покрај тоа што Општата болница располага со врвни хирурзи, тие веќе неколку месеци не ја извршуваат својата дејност, што може да доведе тие да ја загубат својата рутина. Со проблеми се соочуваат и пациентите кои имаат потреба од гинеколошки интервенции кои често пати се одлучуваат да земаат кредити и да одат на приватни клиники. Ова се реални проблеми, за кои се надевам дека што поскоро ќе бидат решени и охриѓани ќе имаат здравствена заштита која ја заслужуваат, вели Мицкоска.
Советникот од ВМРО- ДПМНЕ, Величе Маркоски потенцира дека реконструкцијата на дел од Општата болница била неопходен зафат и дека потребно е да се има трпение додека градежните зафати не завршат.
– Мене ме загрижува што оваа точка токму денес се најде на дневен ред, пред се поради тоа што не е во надлежност на советот да расправа за здравството кое е во надлежност на централната власт, а не локална самоуправа. Во однос на реконструкцијата на Општата болница имаше отстапување во однос на предвидениот рок, но новиот министер за здравство ја посети болницата, ја виде состојбата и наговести дека за 18 месеци Охрид ќе добие современа болница. Нормално е што реагираат граѓаните кои за интервенции мора да патуваат до Струга, но треба да бидеме трпеливи, рече Маркоски.
41- та седница по расправата за состојбата во здравството беше прекината. Продолжението е најавено за во петок, со почеток во 10 часот.